Ниските плати причина оти Охрид останува без стручен кадар во туризмот, персоналот заминува во Хрватска


Менаџери од Хрватска регрутираат млади луѓе од земјава за работа во тамошните туристички места. Во време кога угостителско туристичкиот сектор во Северна Македонија се соочува со сериозен недостаток на стручна работна сила, ова ќе биде уште еден голем удар за нив.

„Веќе агенциите од Хрватска и луѓето кои посредуваат за работа во Хрватска се на територијата на Охрид и се почнати со интервјуа и со преземање на работната сила, што значи дека огромем број на вработени веќе во март ќе бидат заминати во Хрватска, додека Охрид ќе се соочи со недостиг на работна сила уште во март“, вели Игор Пешевски, дипломиран студент на факултет за туризам.

Игор е само еден од многуте, кои наместо во туристичката иднустрија во земјава, својата кариера ќе ја продолжи во странство.

„Добив менаџерска позиција во Швајцарија. Швајцарија мене ми понуди еден систем на работа, кој јас многу го почитувам. Ќе работам како менаџер на ресторан во градот Цирих“, додава тој.

А, угостителите ако сакаат да ги задржат младите, ќе треба да го одврзат кесето и да понудат плати слични на оние во Хрватска.

кујна. Меѓутоа туризмот повторно ќе остане како гранка каде ќе нема доволно персонал. Тоа се луѓе кои имаат јазични бариери. Тие никогаш неможат да бидат на позиција, а немаат ни квалификација да го покријат местото на готвачи, келнери, рецепционери“, вели Пасквал.

Последните години угостителите недостатокот на кадар го надоместуваат со средношколци. Дополнителен проблем е и се помалиот број млади кои се запишуваат во средното угостителско училиште или пак на факултетот за туризам.

Back to top button
Close