„Ниту ден тој не губи, од крадење се уби, парите баш ги љуби и се вика?“, Стоилковски со гатанка пред дуќанот на братот на Груби

Ниту ден тој не губи, од крадење се уби, парите баш ги љуби и се вика?“, Стоилковски со гатанка пред дуќанот на братот на Груби

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, пред дуќан на улица „Македонија“ во центарот на Скопје кажуваше гатанка во која одговорот води кон првиот вицепремиер, Артан Груби.

„Ниту ден тој не губи, од крадење се уби, парите баш ги љуби и се вика?“,

гласи гатанката на Стоилковски кажана од пред, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, најновиот дуќан на Груби.

 

 

Од опозициската партија изминатиот период го обвинуваа првиот вицепремиер за нелегални активности, меѓу што прашуваа и како неговиот брат купува дуќан од половина милион евра кога неговата фирма четири години работи со загуба.

Груби, пак, на ваквите обвинувања одговараше дека не е поврзан со бизнисот на неговиот брат, но дека она што го знае е оти имотот е купен со хипотекарен кредит.

Back to top button
Close