Ниту еден обвинител не се повлекол од истрагата за ,,Пулс”, обвинителството го демантира ДУИ
Откако од ДУИ денеска прашаа дали е точно дека еден обвинител кој постапува во тимот обвинители за истрагага во кочанската дискотека ,,Пулс”, од Обвинителството ја демантираат информацијата.
-Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација. Обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија, информираат од Обвинителството.