Ниту еден од четирите лифта на Интерни клиники во Државна болница не работи – пациенти се носат на раце

Ниту еден лифт не работи во зградата во Клиничкиот центар во која се сместени повеќе интерни клиники. Поради ова пациентите кои се со тешка клиничка слика и се во количка ги симнуваат по скали.

Во зградата има четири лифта и до пред неколку дена работел само еден, но кога и тој се расипал, клиниката остана без функционален лифт. Ова не е првпат пациенти да треба да се носат на раце, за да ја добијат потребната лекарска помош.

Инаку во оваа зграда се сместени клиниката за Гастроентерохепатологија, клиниката за Нефрологија, за Пулмологија и Алергологија. Граѓаните регираат дека повеќе пати пријавиле за проблемот но решение сè уште нема.
Извор: Телма






