За Ганиу Чаир не бил „шаховска фигура во политичките игри на ДУИ“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, на денешната прес-конференција упати сериозно предупредување за загрижувачката состојба со управувањето на отпадот и јавните услуги во Чаир, истакнувајќи дека граѓаните се изложени на ризик од ширење на епидемии.

„Сме во 21 век, а се давиме во отпадоци. Чаир е дом за над 60 илјади граѓани кои заслужуваат основни услови за живот”, истакна тој.

Ганиу ја повика градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, да не дозволи да биде инструментализирана од структурите на ДУИ и итно да го ангажира ЈП „Комунална хигиена”. Тој ги критикуваше и политичките партнери од Сарај за водење на политичка кампања на грбот на граѓаните.

Во своето обраќање ги спомена и неисполнетите ветувања од страна на Градот, вклучително и паркот, булеварите, бесплатниот јавен превоз и инвестициите во Старата скопска чаршија.

„Чаир нема долгови кон Градот. Имаме подготвен план за чистење и дезинфекција – доволно е Градот да не блокира”, заклучи Ганиу, потенцирајќи дека Општината останува отворена за институционална соработка и конкретни активности.

Back to top button
Close