НИЗ ВЕТЕР

Скраја било, не сакам ни да помислам, ама понекогаш и тоа ми доаѓа на ум: гледаат дека тонат, па баш им е гајле дека прават поголема штета за државата. Зошто? Што сме им згрешиле ние, граѓаните? Не сме ни толку наивни, ама веројатно сме биле безнадежно очајни што сме верувале дека после тоа систематско 11-годишно урнисување и заробување на државата од ВМРО-ДПМНЕ, во СДСМ природно израснал некој способен да направи промена со нови норми и нови вредности. Имаа граѓанска сила и ентузијазам, меѓународна поддршка, а имаа и прогресивна граѓанска платформа за напредок на државата што требаше само да ја следат. Ама, таа граѓанска платформа што бараше коренити промени во практикувањето на власта, во СДСМ ја киднапираа и ја уништија.

Значи, да се разбереме. Да го повторам по стоти пат тоа што во партиите не можат да го сфатат затоа што тие од луѓето не очекуваат мислење, туку послушност. Тука не станува збор за очекувања на луѓе што биле симпатизери на СДСМ, или нивни сопартијци. Станува збор за граѓани кои верувале дека полошо од тоа што било не смее да биде. Не – не може да биле. Туку – не смее да биде.

И затоа, како и на секои избори, и овојпат треба добро да се внимава што ќе правиме со гласот што си го имаме в рака.

Целата колумна на Горан Михајловски на сдк.мкhttps://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/niz-veter/?fbclid=IwAR2ur5k_eeI-xlCelULLMIeHq-BPRIGjqxjWRia5AotH4Q8WwTiTWJE476w

Back to top button
Close