Ноќеска е уапсен син на скопски полицаец – таткото сам го пријавил
Дваесет и четиригодишен скопјанец бил лишен од слобода откако по семејна расправија му го одзел службениот пиштол на својот татко, кој е полициски службеник, и му упатувал закани.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни 2026 година околу 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле В.К. (24) од Скопје.
Како што соопшти МВР, претходно неговиот 49-годишен татко пријавил дека околу 01:00 часот, по кратка расправија во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, синот му го одзел службениот пиштол и му упатувал закани.
Во инцидентот интервенирал нивен роднина, кој успеал да го спречи понатамошното ескалирање на ситуацијата.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава






