Нобелов комитет: Иранските власти директрно или индиректно и се закануваат на нобеловката Мохамеди со физичка елиминација
Добитничката на Нобелова награда за мир Нергис Мохамади тврди дека иранските власти директно и индиректно ѝ се закануваат со физичка елиминација, соопшти денес Нобеловиот комитет.
Претседателот на Нобеловиот комитет Јерген Ватне Фриднес изјави дека Мохамади телефонски го информирала дека „агенти на иранскиот режим директно и индиректно и се закануваат со физичка елиминација од агенти на режимот“.
Таквите закани јасно укажуваат дека нејзината безбедност е доведена во прашање, освен ако не вети дека ќе ги прекине своите јавни активности во Иран“ и оти нема да се појави во медиумите, се наведува во соопштението од Нобеловиот комитет.
Мохамади ја доби Нобеловата награда за мир за 2023 година за „нејзината борба против угнетувањето на жените во Иран и за промоција на човековите права и слободата за сите