Нобеловецот Кругман во Охрид – утре ќе говори на вториот Скопски економски и финансиски форум

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Охрид се сретна со добитникот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман, професор на Универзитетот Њујорк, кој е во неколкудневна посета на нашата земја, а утре ќе биде говорник на вториот Скопски економски и финансиски форум.

За време на посетата на Охрид, премиерот Ковачевски, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, имаа заедничка обиколка на дел од најзначајните културно-историски локации во Охрид.

„Посетата на најзначајните споменични знаменитости во древниот Охрид започна кај Горна порта и Самуиловата тврдина, по што премиерот Ковачевски, министерот Бесими и нобеловецот Кругман ја посетија ранохристијанската базилика во близина на античкиот театар, по што следеше запознавањето со најважните карактеристики на црквата ‘Св. Софија’ и запознавањето со старата градска архитектура во куќата на Робевци -известуваат од Владата.

Обиколката на Охрид, Ковачевски, Бесими и Кругман, ја завршиле со посета на болничките цркви „Св. Богородица“ и „Св. Никола“ кај Долна Порта.

„Премиерот Ковачевски, министерот за финансии Бесими и професорот и добитник на Нобеловата награда за економија, потоа се задржаа на работен ручек на кој разговараа за темите на Скопскиот економски и финансиски форум, кој оваа година е посветен на темата ‘Одржување на растот во време на неизвесност и потоа -соопштуваат од Владата.

Back to top button
Close