Нормализиран сообраќајот кон Грција: Отстранета блокадата на ГП Евзони објави Скопје1.мк

Од синоќа во 21:00 часот е целосно отстранета блокадата за влез и излез во Грција, со што сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е нормализиран и се одвива без дополнителни ограничувања.

На државните патишта сообраќајот генерално се одвива непречено, иако на повеќе локации коловозите се влажни, а видливоста е намалена поради појава на магла. На патниот правец Гајре – Попова Шапка видливоста се движи меѓу 30 и 40 метри, додека на планинскиот премин Пресека е намалена на 100–150 метри.

Потсетуваме дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, независно од моменталните метеоролошки услови. Обврската ќе важи до 15 март 2026 година.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту при влез ниту при излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание се бара на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде е можно појавување одрони. Најризични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица, согласно претходната одлука, останува затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close