Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од речиси 700 милиони долари

Владата на Норвешка денеска соопшти дека ќе и испорача на Украина системи за воздушна одбрана во вредност од речиси седум милијарди норвешки круни (696 милиони долари).

– Заедно со Германија, ќе обезбедиме Украина да добие ефикасни системи за воздушна одбрана. Германија и Норвешка тесно соработуваат за да ја поддржат Украина во нејзините напори да се одбрани и во нејзините обиди да го заштити цивилното население од руските воздушни напади, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

Норвешка и Германија ја финансираат испораката на два системи Патриот, вклучувајќи и ракети за нив. Норвешка, исто така, учествува во испораката на радар за воздушна одбрана произведен од германската компанија „Хенсолт“, како и системи за воздушна одбрана од компанијата „Кенгсберг

Back to top button
Close