Норвешка го оценува Светското првенство 2025 во скијање како катастрофа
Шефот на финансискиот оддел на општина Трондхајм, Кјетил Реинсков, е разочаран од економските показатели поврзани со Светското првенство во скијање 2025.
Според Реинсков, организаторите на турнирот планирале да остварат профит од 1,7 – 2,5 милиони евра, но на крајот биле направени милионски загуби поради малата посетеност.
-Тешко е да се разбере… Никогаш не сум видел ваква економска катастрофа, изјави Реинсков за локалните медиуми.
Загубата по одржувањето на Светското првенство во моментов изнесува 1,4 милиони евра, но сумата може да се зголеми.
Светското првенство во скијање се одржа во Трондхајм од 26 февруари до 9 март.