Норвешкиот министер му ги предаде документите на палестинскиот премиер за признавањето на Палестина

Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде денеска во Брисел му ги предаде дипломатските документи на палестинскиот премиер Мухамед Мустафа, што е последен потег на таа скандинавска земја со цел да ја признае Палестина.

Премиерот Мустафа в понеделник во главниот град на Белгија ќе се сретне со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија и со високи претставници на блокот.

Ирска и Шпанија, како и Норвешка, најавија признавање на Палестина, што е исто така историски потег по повеќе од седум месеци војна против Хамас во Газа.

Официјалното признавање од Норвешка, Шпанија и Ирска, кои имаат пријателски односи и со Израелците и со Палестинците и долго време се залагаат за палестинска држава, е планирано за в четврток.

Back to top button
Close