Носителот од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2 Мисајловски се сретна со граѓаните во Чаир

Носителот од ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица Владо Мисајловски, денеска се сретна со граѓаните во Чаир, каде ја претстави својата програма.

Кога  од СДСМ ветуваа дека ќе има 500 евра плата за секој, рече Мисајловски, ги заборавија овие граѓани тука, го заборавија Чаир.

– Во Чаир е тешко да се живее, но овие луѓе се упорни. Овие луѓе со срце како планина и ќе издржат и сакаат еден убав и спокоен живот тука во Чаир. Но, никој од нас не смее да ги заборави. Ние имаме прекрасни луѓе тука и на листата но и прекрасен комитет кој постојано се гледа со сите граѓани. Они сакаат еден добар соживот, но тоа ние треба сите заедно да го направиме. Затоа во наредниот период сите ние заедно ќе ги промовираме нашите позитивни вредности, нашите проекти, како граѓаните да си го откупат дворното место, а не да бидат под притисок од општината да не знаат дали еден ден ќе влезат да ги примаат да го решат тој проблем, исто така да ги решат основните базични проблеми што ги има секој еден граѓанин тука, немаат паркинг место, не можат да се справат со овој урбан хаос што се случува тука во Чаир, изјави Мисајловски.

 

Back to top button
Close