Нов бизнис на Трамп – продава библии пред Велигден
Поранешниот американски претседател, републиканецот Доналд Трамп денеска изјави дека почнува платено партнерство со ѕвезда од кантри музиката за да понуди примероци од Библијата на продажба, додавајќи дека тоа е негова „омилена книга“.
Во вторникот, на својата платформа Truth Social, Трамп ги покани поддржувачите да ја купат оваа верзија на Библијата, бидејќи поранешниот претседател излегува на сцената на секој митинг на песната „God Bless America“ од кантри пејачот Ли Гринвуд, пренесува АП.
„Среќна Света недела! Ајде да ја натераме Америка повторно да се моли. Додека се упатуваме кон Велики петок и Велигден, ве охрабрувам да добиете примерок од „Бог да ја благослови Америка“, напиша Трамп, упатувајќи ги своите поддржувачи на веб-страница каде што книгата се продава за 59,99 долари.
Според АП, најавата за продажба доаѓа во време на финансиската криза на Трамп додека тој се бори со четири кривични обвиненија заедно со серија граѓански обвиненија.
Апелациониот суд во Њујорк во понеделникот се согласи да ја одложи наплатата на повеќе од 454 милиони долари што ги должи поранешниот претседател по пресудата за граѓанска измама, доколку тој депонира 175 милиони долари во рок од 10 дена