Нов број на списанието „Дипломатски летопис“


Во издание на Дипломатски клуб – Скопје излезе нов број на „Дипломатски летопис“ – списание за дипломатијата, меѓународните односи и меѓународното право.

Во фокусот на новиот број се авторски текстови за најголемиот дипломатски настан во нашата држава – Министерскиот совет на ОБСЕ, за очекувањата и достигнувањата од иницијативата „Отворен Балкан“ и за одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на нашата држава со најзначајните земји во тогашната Европска економска заедница.

-На 82 страници во „Летописот“ следуваат блоковите „Дипломатска историја“ со прилози на Денко Макески („Последниот говор“) и Драган Јањатов (за Хенри Кисинџер), „Дипломатите писатели“ (Душан Поповски, Петре Наковски), како и блокот за најновите публикации на македонските дипломати, информира Дипломатскиот клуб – Скопје.

Back to top button
Close