Нов детал од истрагата за смртта на Јанеска: Пиштолот што бил пронајден покрај неа, бил во сопственост на нејзиниот партнер
Порталот „Њуз24“, повикувајќи се на полициски избори, објави дека Филипс наводно одбил да се подложи на преглед од државен патолог кој е задолжен за спроведување на обдукцијата на Јанеска. Додека разговарале и се обидувале да утврдат дали има некакви траги по телото, се додава во веста на медиумот, тој „буквално бил опколен од своите телохранители“.
Смртта на Јанеска во оваа фаза од истрагата не се третира како сомнителен случај, иако нејзините роднини и блиски пријатели не веруваат дека станува збор за самоубиство.
Јанеска пред неколку денови била во земјава за прослава на признавањето на Македонија од Јужна Африка и за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји во што и самата помогнала.
За време на престојоит во Скопје, таа одржала и мотивациски говор пред студенти на ФОН на кои им раскажала како на 19-годишна возраст се преселила во Танзанија каде добила понуда да работи во хотел, го научила свахили јазикот и започнала кариера како стилистка и шминкерка.