Нов колапс на Инстаграм и Фејсбук ширум светот

 Корисниците на Инстаграм и Фејсбук од голем број земји денеска повторно се пожалија на големи прекини, јави Интѕернет страницата Downdetector, која ги следи прекините и неправилностите во работата на популарните интернет мрежи.

Проблеми најчесто пријавуваат корисници од САД, Франција, Германија, Велика Британија, Канада, Полска, Русија и други земји.

Според Downdetector, проблемите со Инстаграм главно се поврзани со работата на апликацијата, како и поврзувањето со серверот и вчитувањето на страницата. Проблемите на Фејсбук, пак, главно се поврзани со работата на страницата и тешкотиите при најавување на налозите

Back to top button
Close