Нов ковид-протокол во Собранието, во четврток седница за пратенички прашања

Собранието на 28 април ќе одржи седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања.

За ова денеска на координација претседателот на Собранието Талат Џафери ги известил координаторите на пратеничките групи.

-На редовната координација што се одржа денеска во Собранието на  Република Северна Македонија, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги информираше присутните за активностите на законодавниот дом во наредните денови. Како прва активност, извести за одржувањето на новата 69. седница на Собранието на Република Северна Македонија на 19.04.2022 година (вторник), со почеток во 11.00 часот. Наредна активност ќе биде пленарната седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања, на 28.04.2022 година (четврток), информира собраниската прес-служба.

Согласно здравствените протоколи, претседателот Џафери известил и дека од утре, 19 април, се враќа во функција и Прес-центарот во Собранието, а новинарите ќе можат да ги следат и седниците на собраниските тела во салите каде што се одржуваат.

-Покрај тоа, се враќа во редовна работа и бифето до Прес-центарот. Дополнително, претседателот на координацијата ги извести присутните и за тоа дека по најновата донесена одлука на Владата за влегување во сила на новите здравствени протоколи за заштита од Ковид-19, и  во законодавниот дом се укинува мерката за задолжително носење маски во затворен простор. Сепак, мерката за мерење на телесна температура при влез во Собранието на Република Северна Македонија останува во важност, информираат од Собранието по одржаната координација.

Потсетуваат дека со оглед на техничките проблеми со веб страницата на Собранието кои се предизвикуваат поради тековните подготовки за пуштање во употреба на новиот собраниски сајт, новинарите, доколку им се потребни одредени документи, да се обратат по електронски пат на следните адреси за електронска пошта: [email protected] [email protected] .

Back to top button
Close