Видео: Нов марш на родителите на загинатите во Кочани, бараат фер и транспарентна судска постапка
Родителите на загинатите во кочанската трагедија сега обединети во Здружението на граѓани „16-ти март 2025 Кочани“ денеска повторно маршираа низ кочанските улици по предвидената маршрута која почнува од Паркот на револуцијата во Кочани, преку трговскиот центар и зградата на општината по што се упатија кон полициската станица и пред зградата на Основниот суд и Обвинителство во Кочани.
Маршот почна во 18 часот и пет минути укажувајќи на симболиката за задоцнетата институционална реакција. Родителите на загинатите својата тага по предвреме изгубените животи на своите чеда ја надоградија и со недоверба кон системот дека некогаш ќе дојдат до правда.
„Немаме повеќе доверба во системот, но имаме должност кон нашите деца – да истраеме до крај“, велат родителите.
Со транспаренти, фотографии од загинатите и свирчиња тие ги исвиркаа институциите и повторно испратија порака дека нивната борба не е политичка, туку човечка и морална.
„Џабе стоиме…они си се во апартманите во Грција, џабе стоиме ние“, рече родителот кој го изгуби синот единец.
Семејствата на младите кои ги загубија животите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, преку Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, упатија ново јавно обраќање до највисоките државни и правосудни институции. Тие побараа итно исполнување на своите законски права, како и фер и транспарентна судска постапка против одговорните за трагедијата што ја потресе јавноста.
Во дописот испратен до премиерот Христијан Мицкоски, до претседателот на Собранието Африм Гаши и до претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, семејствата инсистираат на исплата на законската финансиска помош, која досега не им била доделена. Покрај тоа, тие бараат и соодветна институционална поддршка во процесот на остварување на правдата.
– Доставивме барање до Основното јавно обвинителство – Кочани да посредува за да оствариме средба со претставници од судска медицина во Скопје. Исто така, имаме барање за комплетен видео и аудиозапис за време на судската постапка, се наведува во обраќањето на Здружението.
Барањето за снимање на судската постапка е упатено со цел да се обезбеди максимална транспарентност и да се спречат евентуални манипулации или пристрасности во судскиот процес.
„Џабе