Нов напад на Иран врз Израел

Во тек е нов ирански напад врз Израел, јавуваат израелски медиуми. Според информациите што ги пренесува Kanal 12, нападот се одвива во неколку бранови, при што се активирани широки зони на предупредување низ целата земја.
Сирените за воздушна опасност се огласиле од северните до јужните делови на Израел, а граѓаните се повикани да побараа засолниште.
Засега нема официјални извештаи за жртви или за поголема материјална штета, но надлежните служби остануваат во состојба на висока подготвеност додека трае нападот.
Ова е уште една ескалација во тековниот конфликт, кој последните денови се карактеризира со интензивна размена на ракетни и воздушни удари меѓу двете страни.
Извор: fokus.mk






