Нов напад врз социјален работник, овој пат во Скопје – напаѓачот фрлал предмети и кршел инвентар
Жител на Тетово вчера физички нападнал вработен во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Скопје. Нападнатиот е 41-годишен социјален работник, кој бил на своето работно место, информираат од полицијата.
Тетовецот кој упаднал во установата оштетил и дел од инвентарот, фрлал предмети и им се заканувал и на другите вработени.
Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ова се случува по само еден месец откако беше застрелана социјална работничка во Прилеп. Нападот го изврши 50-годишен маж, кој претходно побегнал од Психијатриската болница во Демир Хисар.