Нов негативен рекорд на заразени од Ковид -19 во Албанија
Со зголемниот број на извршени тестови во изминатите 24 часа во Албанија е регистриран раст на бројот на новозаразени луѓе со Ковид-19.
– Од направените 864 тестови на сомнителни случаи, новиот коронавирус е дијагностиран кај 158 лица што е највисока бројка на новозаразени во едно деноноќие. И понатаму главно жариште на болеста е Тирана каде се потврдени дури 81 случај. Во исто време оздравени се 57, а починаа двајца пациенти, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.
Официјалните бројки потврдуваат дека во текот на месецот регистрани се над 2.420 новозаразени лица.
Во Албанија досега се направени 52.724 тестови, од кои позитивни на вирусот биле 7.812 лица, оздравеле 3.928, а починале 234 пациенти. Активни на болеста се 3.650 луѓе.
Албанското Министерство за здравство упати апел до граѓаните да избегнуваат групирања, посебно на плажите, потоа во угостителските објекти и какви било церемонии, кои би биле извор на зараза.
Опозицијата состојбата ја оценува како катастрфоална, посебно обвинувајќи го премиерот и министрите кои „наместо да се справуваат со пандемијата, август го минале на албанските плажи“.
– Се потврди како неопходна потреба правењето поголем број тестови, онака како што ние апелиравме. И понатаму тврдиме дека и сега се прават малку тестови, треба повеќе од 2.000 тестови во едно деноноќие, наведе албанската опозиција.
Според официјални бројки на меѓународни организации Албанија е со најмал број направени тестови на милион жители.