Нов негативен рекорд во Грција – регистрирани 284 случаи на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран нов, рекорден број нови случаи на Ковид-19, односно 284, највисока бројка од почетокот на епидемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според денешните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција починаа уште две лица, односно 242 од почетокот на епидемијата, а приклучен на апарати е 31 пациент, од кои двајца се на возраст до 17 години.

Од 284-те нови случаи 17 се по направените тестови на влезните точки во земјата.

Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 8.664 лица.

Back to top button
Close