Нов случај на коронавирус во тенисот

 Францускиот тенисер Лука Пуј на социјалните мрежи откри дека е заразен со коронавирус. Тој ќе помине седумдневен карантин, по што ќе даде втор тест.

Полуфиналистот на Австралија опен во 2019 година нема други симптоми освен губење на сетилото за мирис.

Пуј не учествувал на ниту еден турнир од март 2020 година, користејќи ја паузата за операција на десниот лакт.

Back to top button
Close