Нов закон во Србија предвидува формирање постојана комисија за проверка и ревизија на избирачкиот список

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека амандманот на Законот за Единствениот избирачки список предвидува формирање постојана комисија што ќе се занимава со преглед и ревизија на избирачкиот список.
Според неа, новите законски решенија ќе придонесат за транспарентност на изборниот процес.

Б

EPA-EFE/Rafal Guz Poland Out

рнабиќ рече дека предлог-законот е изменет шест пати и дека е создаден како резултат на компромис меѓу владата, опозицијата и организациите на граѓанското општество.
Таа додаде дека комисијата ќе има овластувања и целосен увид во избирачкиот список и ќе може да побара дополнителни информации од сите државни органи, а ќе биде составена од 10 члена.

„Пет кандидати ќе доаѓаат од владејачкото мнозинство, тројца од опозицијата и двајца од граѓанското општество. Сакаме да постигнеме инклузивност и учество. Ќе се погрижиме да нема политички прекршувања, а мандатот на комисијата ќе биде пет години“, рече Брнабиќ.
Предлог-законот е со висок квалитет и потребни се 18 месеци за да се изготви и се надева дека избирачкиот список ќе биде ревидиран на следните избори.
фото ЕПА

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close