Нов завет на ДУИ: Функционерите да ги отворат канцелариите за граѓаните

Бујар Османи рече дека граѓаните, врз основа на прецизен календар што ќе биде јавно објавен, ќе може ненајавени да влегуваат во канцелариите на избраните функционери на ДУИ, за да си ги кажат проблемите

Отворањето на вратите на функционерските канцеларии за граѓаните е новиот завет на ДУИ и нов код на дејствување за сите избрани функционери од редовите на партијата, како што најави денеска на прес-конференција во партиското седиште министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Избраните пратеници, министри, директори, градоначалници, како што рече Османи, же можат и ненајавено, врз основа на прецизен календар што ќе го објават функцинерите, да влегуваат во функционерските канцеларии и да побараат решение за своите проблеми.

„Тоа ќе биде задолжителен завет за сите избрани функционери, кои ќе мора да се обврзат на 24-часовен пристап за граѓаните до нивните агенди и политички одлуки. Граѓамите же може да влезат и ненајавени во функционерските канцеларии и да ги кажат своите мислења, од најопштите до најдделикатните проблеми,“

рече Османи.

Тој нагласи дека ова е новиот завет на ДУИ, покрај претходниот за можноста за референду за сите прашања што ги засегаат граѓаните и сето тоа, во рамки на зелената агенда што ја најави партијата.

„Зелената агенда на ДУИ значи начин на живот, поквалитетен живот, значи многу повеќе од еден изборен циклус и не се однесува само на здрава животна средина. Таа агенда предвидува јасни инструменти за остварување на зацртаните цели“,

рече Османи.

 

Back to top button
Close