Нов Зеланд не преговарал со ЕУ за асоцирано членство

Нов Зеланд не водел никакви преговори со Европската Унија за да стане асоциран член, изјави денеска портпарол на новозеландскиот министер за надворешни работи, Винстон Питерс.

„Немало дискусии со ЕУ Нов Зеланд да стане асоциран член“, изјави портпаролот.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во средата изјави дека сака да „ги отвори вратите за Канада“, која би станала првиот „асоциран член“ на ЕУ, во обид да се изградат нови врски меѓу сојузниците во „отворено непријателски свет“.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани со воведување царини за ЕУ доколку продолжи со предлогот кон Канада, кој го оцени како „смешен“.

 

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, вчера изјави дека Австралија и Нов Зеланд би можеле да ја следат Канада во продлабочувањето на односите со ЕУ.

 

„Не се сомневам дека ќе вклучиме и други земји кои ќе дојдат“, рече таа во интервју за телевизијата „Еуроњуз“.

„Тоа веќе го видовме – како во однос на законодавството што го усвојуваме, така и кај партнерите од целиот свет. Австралија и Нов Зеланд се некои од примерите за тоа како велат: ‘Сакаме да ги продлабочиме односите со ЕУ’“, додаде Мецола.

Австралискиот министер за трговија, Дон Фарел, вчера изјави дека неговата земја е „на иста бранова должина“ со Канада по однос активностите за продлабочување на односите со ЕУ

 

Back to top button
Close