Нов Зеланд ограничува места на меѓународни летови

–  Владата на Нов Зеланд ги ограничува местата на меѓународните летови, како дел од мерките за борба против новиот коронавирус, јави ДПА.

Авиокомпанијата „Ер Њу Зеланд“ се согласи да суспендира краткорочно нови резервации за летови. Ова ќе и овозможи на Владата безбедно да ги смести оние кои се враќаат дома на места за изолација и карантин.

Сега има речиси 6.000 луѓе во 28 изолациски центри во земјата, а од март досега, повеќе од 26.400 луѓе поминале низ изолација и карантин во државата.

Властите поставија цел да го запрат ширењето на вирусот на границата, така што секој кој ќе се врати мора да оди во карантин или изолација во одредени области. Властите не сакаат да градат места за карантин, поради што постои ограничување на местата на меѓународните летови.

Back to top button
Close