Нова акција на полицијата во Кочани: Претрес во просториите на Пазарна, приведени сопругата и ќерката на газда Деко

Серија претреси се вршат во Кочани и ова утро. Како што дознава Press24 од свои извори во истрагата, полицијата од утрово ги претресува другите простории кои се во сопственост на газдата на дискотеката Пулс. Извори за Прес24 брифираат дека претреси се вршат и во просториите на Дражвниот пазарен инспекторат во Кочани.

Полицијата и обвинителството се уште не споделуваат информации.

Синоќа, припадници на Министерството за внатрешни работи спроведоа координирана акција при што беа приведени сопругата и ќерката на газдата на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, дознава Плусинфо.

Според информациите до кои дојдовме, двете сѐ уште се наоѓаат во полициската станица во Кочани. При приведувањето, на нив им биле одземени пет мобилни телефони.

Неофицијално, спорната фалсификувана лиценца од Министерството за економија ја земала ќерката на газда Деко.

Во врска со истрагата за трагичниот пожар во Кочани, Основното јавно обвинителство потврди дека во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази.

Нив ги најавуваат во текот на денот

Back to top button
Close