Нова блокада во Собрание – 500 амандмани за Законот за здравствена заштита
Не само измените во Деловникот, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира и измените во Законот за здравствена заштита, обвинува СДСМ. од редовите на социјалдемократите.
-Не се само голем број на амандмани поднесени за промена на Деловникот за работа на Собранието, напротив, поднесени се и над 500 амандмани за измените за Законот за здравствена заштита, рече пратеникот Мартин Костовски од СДСМ.
За измените на Деловникот со коишто треба да се овозможи онлајн работа на Собранието, опозициските партии поднесоа 3000 амандмани.