Нова инвестиција на „Брако“

Велешката компанија од метало-преработувачката индустрија „Брако“ денеска ќе ги промовира новите производствени погони во кругот на фабриката.

Менаџментот ќе информира за последните инвестициски активности на компанијата, како и за плановите за развој и проширување на производствените капацитети.

На промоцијата присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски, како и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кои заедно со раководството на „Брако“ ќе направат обиколка .

 

Back to top button
Close