Нова книга за деца на Џ.К. Роулинг на нејзината веб-страница

– Џ.К. Роулинг ги изненади обожавателите најавувајќи нова книга за деца, која од денеска ќе биде објавувана во делови на нејзината веб-страница и ќе биде достапна бесплатно.

„Икабог“ е бајка и прва детска приказна на авторката која не е поврзана со „Хари Потер“, серијата книги за момчето волшебник, што и донесе светска слава.

Роулинг ја напишала „Икабог“ пред повеќе од една деценија за своите деца и решила да ја објави за време на пандемијата, пренесува Би-Би-Си.

– Таа е за децата кои се во карантин, па дури и за оние кои одат на училиште во период на овие чудни, вознемирувачки времиња, рече таа.

Поглавјата „Икабог“ ќе бидат објавувани секој ден од денеска до 10 јули.

Back to top button
Close