Нова сабота, истата болка: мајките на загинатите Стефан и Надица со емотивно обраќање до другите мајки

Нов марш на родителите на загинатите деца е најавен за утре, а мајките јавно ги повикуваат другите мајки да им се приклучат. Истиот ќе се одржи во Кочани, како и секоја сабота, од 16:05 минути.

„Ајде мајки, без разлика на вера, нација, припадност, партија, придружете нѐ нас мајките, за нашите ангели и ангелите во иднина што треба да го живеат животот, иднината е во ваши раце, нашите деца веќе ги нема“, напиша мита Тасева, мајка на загинатиот Стефан Тасевски.

Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова исто така преку емотивна објава ги повика мајките.

Сакам да се обратам до сите мајки кои не излегоа со нас на маршевите за правда – за нашите починати и повредени деца. Дали тие мајки не чувствуваат болка кога ќе слушнат за изгубено младо срце? Дали нивните срца се од камен? Дали тие чуваат деца дома и мислат дека никогаш нема да бидат на нашето место? Ова не е борба само за нашите деца, туку за сите деца. Молам, разбудете се пред да биде доцна за неко ваш! Ние не бараме ништо повеке од правда и безбедна иднина“, напиша Наунова

Back to top button
Close