Нова трагична сообраќајка: Утрово загина возач на „мерцедес“ во Чаир

Утрово околу 10 часот се случи сообраќајна несреќа на бул. „Цветан Димов“ во Скопје.

Според првичните информации, учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици управувано од М.Д.(75), паркирано комбе „фиат“ со кумановски регистарски таблици, претходно управувано од Х.И. кое пак по сила на ударот се придвижило и удрило во паркирано товарно возило „ман“ со скопски регистарски таблици, претходно управувано од Л.С..

Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт кај М.Д.. Во тек е увид на местото на настанот, под раководство на јавен обвинител од ОЈО Скопје

Back to top button
Close