Нова тужба за Бил козби – Актерката Лили Бернард тврди дека била дрогирана и силувана

Бил Козби (84) се соочува со нова тужба за сексуална злоупотреба и силување, овојпат од глумицата Лили Бернард, која имала улога во неговото „Козби шоу“. Таа слично како и претходната жртва на Козби, тврди дека била дрогирана и силувана од нејзиниот ментор во 1990 година.

– Чекав долго време за да можам да го продолжам мојот случај на суд и со нетрпение очекувам да ме слушнат и Козби да одговара за она што ми го направи. Иако се случи одамна, јас сѐ уште живеам со стравот, болката и срамот, секој ден во мојот живот – изјави Бернард.

Таа се појави како наводна жртва на Козби и пред неколку години. Козби ги отфрла наводите и тврди дека е невин.

„Г-н Козби сексуално ја нападна, тепаше и дрогираше г -ѓа Бернард во неколку прилики“, се наведува во тужбата.

Претставникот на Козби, Ендрју Вајат смета дека одредбите за нешто што наводно се случило толку одамна „се чисто кршење на уставните права на поединецот“.

Козби веќе беше прогласен за виновен за сексуален напад врз Андреја Констанд во 2004 година. Пресудата од 2018 година беше поништена во јуни годинава, но не поради докажана невиност, туку поради правни пропусти, како што нагласија повеќе правни лица.

Back to top button
Close