Нова закана од Бугарија – европратеник најави вето за Македонија

Секоја промена во европскиот консензус ќе ѝ даде на Бугарија право да стави вето на членството на Северна Македонија во Европската Унија. Томас Вајц е целосно под туторство на Мицкоски и Муцунски и работи под нивен диктат, изјави бугарскиот европратеник Илија Лазаров, пратеник на ГЕРБ, сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ во коалицијата Европска народна партија во Европскиот парламент.

„Вајц во моментов едноставно се преправа дека е интересен и ја исполнува волјата на Мицкоски и на Скопјани да прави пропагандна бучава. Кога аплицирате за клуб, мора да се однесувате пристојно и да ги почитувате правилата. Не можете да влегувате, да кршите прозорци, да удирате маса и столчиња и да се обидувате да ја наметнете сопствената глупост во овој клуб“, вели Лазаров во интервју за БГНЕС.

 

Реакцијата на Лазаров доаѓа по иницијативата на Вајц, кој поднесе предлог за амандман на својот последен извештај, со што го доведе во прашање вториот протокол кон Договорот со Бугарија, дел од преговарачката рамка на ЕУ, и го поврзува почетокот на преговорите за Северна Македонија со вклучувањето на Бугарите во уставот.

 

„Сега Вајц се обидува да го отстрани клучниот втор протокол, кој е дел од европскиот консензус. „Францускиот предлог“ беше прифатен од 27-те земји-членки, потпишан и прифатен од тогашната влада на Северна Македонија и ратификуван од нивниот парламент. Сето ова е во минатото и не е предмет на коментар – мора да се спроведе“, рече во интервјуто Лазаров.

Тој пренесе дека на стредбата со претседателката Илијана Јотова на оваа тема, бил договорена заедничка позиција на сите бугарски институции – претседателот, Советот на министри, Министерството за надворешни работи, парламентарните партии претставени во следното Национално собрание и сите 17 европратеници.

„Мора категорично да изјавиме: секоја промена што би можела да се постигне во европскиот консензус ќе ѝ даде на Бугарија право да стави вето на членството на Северна Македонија во Европската Унија“, вели Лазаров. Лазаров на наведувачкото прашање на репортерот на БГНЕС дека „непристојниот“ став на Скопје е идентичен со ставот на еврокомесарка за проширување Марта Кос и дека во тоа се гледа влијанието на поранешните југословенски тајни служби. Лазаров истакнува дека е време да се реагира на тоа.

 

Back to top button
Close