Новаковски: Новиот состав на ДИК ќе биде контролиран од партиите

Поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека новиот состав на Комисијата ќе биде целосно контролиран од политичките партии.

-Да нема ниту еден глас против, да нема дискусија за ниту еден предложен член, не може сите членови да се совршрени, е знак дека имаме целосна партизација на ДИК. Ако видите и дека самите медиуми членовите ги именуваат како претставник на таа и таа политчка партија, не треба ние да се правиме дека не е така. Мора да се прави напор, затоа што сериозно имаме проблем со ДИК, кога се заокружуваат изборните резултати, кога резултатите се тесни. Имавме два изборни циклуси со тесен резултат, и одма имаме тензии во ДИК, каснење со резултати. Ние во моментов, мора да признаеме дека ДИК ќе биде контролиран од политичките партии, смета Новаковски./ Фокус

Back to top button
Close