Новата локација на депото на „пајакот“ на ПОЦ – Од понеделник возилата ќе се подигаат од оваа локација

Новата локација на депото, која се отвора во понеделник е до улица и мостот Беласица под Железничката станица.

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје отвора ново депо на пајак-службата.

Новата локација на депото, која се отвора во понеделник, е до улицата и мост Беласица под Железничката станица.

– Во новата локација нудиме подобри услови за лежарина на возилата и полесен и побрз пристап. Површината на депото изнесува 2.250 м2 и на истата се поставени нови куќарки за вработени и опслужување на корисниците. Изведена е водоводна и електрична мрежа за потребите на депото, потоа беше заградено со ограда, поставен е видео надзор на целата локација, обележана е сообраќајна сигнализација. Поставени се нови контролни рампи кои ќе бидат контролирани безжично. Со отворањето на новото депо, го подобруваме капацитетот и оперативната ефикасност на нашето претпријатие, што ќе овозможи побрзо реагирање и поголема флексибилност во нашето секојдневно работење- вели Душко Коцевски, директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар..Од 17 март (понеделник), сите возила кои ќе бидат подигнати од службата може да се преземат од новата локација

Back to top button
Close