Новата минимална плата треба да помине и на Законодавно-правната комисија во Собрание
Во Собранието денеска седница треба да одржи Законодавно-правната комисија на чиј дневен ред, по скратена постапка, е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата.
Претходната недела новиот минималец беше на дневен ред и на Комисијата за труд и социјална политика.
Откако ќе помине и на Законодавно-правната комисија, предлог-законот треба да се врати на пленарна седницаза конечно усвојување.
Потребата за носење на законот, пак, беше изгласана на 10 февруари со 101 глас „за“ од пратениците и ниту еден „против“.
Со предлог-законот минималната плата ќе се зголеми од 15 200 на 18 000 денари, а ќе почне да важи со мартовската плата. Исто така, се менува и методологијата за пресметување на минималецот.
„Со предлог-измените се менуваат критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците за живот согласно податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Со предлог-измените се предвидува висината на минималната плата да не може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата објавена од ДЗС за претходната година. Овие измени ќе опфатат околу 80 000 наши сограѓани кои со исплатата на мартовската плата ќе добијат покажување од 15 200 на 18 000 денари – рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска при претставувањето на предлог-законот во Собранието на 10 февруари.
Договорот за нова минимална плата беше постигнат по неколку рунди на предговори меѓу Владата, Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавци.