Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
Ракометната федерација на Македонија денеска со жрепка ги извлече натпреарувачките броеви за сезона 2025/26.
Новата сезона во македонски клупски ракомет ќе стартува на 6 и 7 септември.
Воведното коло ќе донесе дерби пресметка меѓу Алкалоид и Охрид.
Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Бутел, Струга ќе го пречека Вардар 1961, а преостанатите двојки се Прилеп – Еурофарм Пелистер 2, Куманово – Радовиш и Пролет 62 – Тиквеш 2014.