Нови 13 случаи со Ковид-19 во Куманово, осум во Липково

– Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 21 новозаболено лице од  Ковид-19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Од нив, 13  се од Куманово, а осум се од општина Липково.

По подолг период Центарот регистрира двоцифрен број на заболени.

– Заболените имале контакти со веќе потврдени случаи. Ги следиме нивните контакти- изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Денеска се извршени 58 тестирања, од кои  21 по „Мој Термин“.

Од почетокот на епидемијата, според податоците на Министерството за здравство, на територијата на Центарот за јавно здравје Куманово, ковид дијагностицирани се 933 лица, од кои во моментов активни се 247 случаи.

Back to top button
Close