Нови 148 КОВИД-позитивни и 45 оздравени во изминатите 24 часа


Нови 148 случаи на КОВИД-19 се регистрирани во изминатите 24 часа од направени 1261 тест, а 40 се реинфекции. Оздравени се 45 пациенти и нема починат во изминатото деноноќие, но согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин”, евидентиран е 84-годишен пациент од Скопје кој починал на 27 јуни 2022 во болнички услови.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека од новозаразените, 93 се во Скопје, 11 во Битола, девет во Куманово, шест во Прилеп, по пет нови случаи имаат Кавадарци и Кочани, Тетово – четири, Кичево – три, Велес и Неготино по два и по еден новозаразен има во Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка, Пробиштип и Богданци.
Од 45-те оздравени пациенти, 35 се од Скопје, по двајца од Куманово, Битола и Кавадарци и по еден оздравен од Прилеп, Кочани, Тетово и Гостивар.
Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 313 856 од направени 2 080 874 тестирања. Бројот на оздравени пациенти е 303 783, починале 9323, а активни случаи има 750.
Вкупен број на заболени и на активни случаи по градови:
Скопје 148 170, Активни 452
Куманово 16 737, Активни 21
Битола 15 792, Активни 43
Прилеп 14 257, Активни 24
Тетово 13 522, Активни 26
Кавадарци 10 740, Активни 31
Велес 9825, Активни 16
Гостивар 9625, Активни 9
Охрид 8995, Активни 43
Штип 8106, Активни 14
Струмица 8098, Активни 14
Кичево 5665, Активни 7
Кочани 5118, Активни 14
Струга 4738, Активни 5
Гевгелија 4427, Активни 1
Неготино 3711, Активни 11
Ресен 2760, Активни 5
Свети Николе 2641, Активни 1
Радовиш 2533, Активни 2
Крива Паланка 2421, Активни 2
Делчево 1987, Активни 1
Берово 1693, Активни 1
Дебар 1682, Активни 1
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1396, Активни 0
Пробиштип 1269, Активни 1
Богданци 1024, Активни 2
Кратово 967, Активни 0
Крушево 933, Активни 2
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 743, Активни 1
Демир Капија 594, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 352, Активни 0

Back to top button
Close