Нови 28 случаи на корона вирус и без починати лица за 24 часа

Нема починати лица од ковид-19 во последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство во однос на денешниот ковид-биланс.

Од 2.887 тестирања регистрирани се 28 нови случаи од: Скопје – 9, Кичево – 5, Куманово и Тетово – по 4, Прилеп и Охрид – по 2, Штип и Струмица – по 1.

Регистрирани се 34 оздравени пациенти од: Скопје – 18, Прилеп – 4, Куманово и Тетово – по 3, Битола – 2, Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево – по 1.

Back to top button
Close