Нови 287 случаи на коронавирус во Србија, 11 лица починаа

Според најновите податоци во изминатите 24 часа во Србија починале 11 лица, а новозаразени со Ковид-19 се 287 луѓе, додека на респиратори моментално се наоѓаат 144 пациенти.

Бројот на смртни случаи како последица од коронавирусот во Србија достигна 393, а стапката на смртност изнесува 2,14 проценти.

Изминатите 24 часа тестирани се 4.050 луѓе, а вкупно од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се дури 491.428 лица.

Вкупниот број регистрирани случаи на вирусот во Србија досега е 18.360.

Back to top button
Close