Нови 302 заразени со Ковид-19 и шест починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.182 тестови, а регистрирани се 302 нови случаи на КОВИД-19

Од вкупниот број на позитивни (302), регистрирани се 35 реинфекции.

Регистрирани сe 315 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица од: две починати лица од Скопје (79г и 81г) и по едно починато лице од Струмица (72г), Струга (80г) и Битола (90г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од: Охрид (88г) починатиот е пријавен на 07.03.2022 . Пријавеното лице е починато во домашни услови. Сите починати лица (6), се со регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.917.551 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.016, бројот на оздравени пациенти е 289.847, на починати е 9.123 а бројот на активни случаи изнесува 2.046.

 

 

 

 

Back to top button
Close