Нови 53 случаи на КОВИД-19, нема починати лица

Во изминатите 24 часа регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19 од направени 657 тестирања. Во истиот временски период се регистрирани 36 оздравени лица, а не е регистрирано ниту едно починато лице.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 657 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје 39, Битола 4, Прилеп 3, Куманово и Велес по 2 и Тетово, Штип и Неготино по 1.

 

Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 16 реинфекции.

 

Регистрирани се и 36 оздравени пациенти од кои од Скопје 25, Куманово 4, Прилеп 2 и Битола, Велес, Струмица, Свети Николе и Кратово по 1.

 

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.

 

Направени се 657 тестови: ИЈЗ-88, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-21, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-34, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија-55, Жан Митрев (Филип Втори)-6, Авицена-11, Биотек-15, Систина-6, лабораторија Лаор-2, Синлаб-1, Ремедика-6, Плодност-2, Никоб Лаб-11, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-4, Рамус-8, ПЗУ ГМ Лаб-0 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 335.

 

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

 

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје      161869, Активни 235

Куманово    18235, Активни 9

Битола      17960, Активни 7

Прилеп      15510, Активни 9

Тетово      14473, Активни 3

Кавадарци   12087, Активни 3

Велес 10809, Активни 10

Охрид 10315, Активни 8

Гостивар    10275, Активни 0

Струмица    8781, Активни 1

Штип  8762, Активни 7

Кичево      6075, Активни 1

Кочани      5544, Активни 0

Струга      5172, Активни 1

Гевгелија   4882, Активни 1

Неготино    4147, Активни 3

Ресен 3031, Активни 2

Радовиш     2836, Активни 1

Свети Николе      2795, Активни 0

Крива Паланка     2660, Активни 0

Делчево     2183, Активни 0

Берово      1875, Активни 1

Дебар 1812, Активни 0

Валандово   1600, Активни 0

Виница      1478, Активни 0

Пробиштип   1299, Активни 0

Кратово     1131, Активни 2

Богданци    1101, Активни 0

Крушево     1038, Активни 1

Демир Хисар 929, Активни 0

Македонски Брод   800, Активни 2

Демир Капија      628, Активни 0

Македонска Каменица     534, Активни 0

Пехчево     519, Активни 0

Дојран      370, Активни 0

Вкупно      343515, Активни 317

Досега во земјата се направени вкупно 2.175.576 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.515, бројот на оздравени пациенти е 333.647, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 317.

 

 

 

 

 

Back to top button
Close