Нови 69 заразени од коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 10.06 до 12.06.2022):

Направени се 1.640 тестови, а регистрирани се 69 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 53, Битола и Тетово – по 3, Дебар – 2, Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе и Берово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (69), регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Битола – 9, Тетово – 6, Дебар – 4, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе, Берово, Кавадарци, Велес, Охрид, Кичево и Струга – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (од 10 до 12.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Направени се 1.640 тестови преку: ИЈЗ-125, ЦЈЗ Скопје-44, ЦЈЗ Битола-14, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-28, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–34, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-41, Биотек-84, Систина-75, лабораторија Лаор-35, Синлаб-4, Ремедика-10, Плодност-25, Генеа-30, Никоб Лаб-136, ВФВ Медикал-30, Ели МедикаПлус-24, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–21, Жан Митрев Струмица–18, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 806.

Досега во земјата се направени вкупно 2.066.665 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.607, бројот на оздравени пациенти е 302.892, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 399.

Back to top button
Close