Нови 96 заболени oд Ковид-19, 88 оздравени

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.314 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (83), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани се 88 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.041.295 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.038, бројот на оздравени пациенти е 301.202, на починати е 9.293, а бројот на активни случаи изнесува 543.

Back to top button
Close