Нови десет случаи на Ковид-19 во Тетовско, сите кај лица од рурални општини

 Кризниот штаб при Општина Тетово соопшти дека од новите 10 случаи овој пат нема ниту еден позитивен тест во градот, а сите се кај луѓе од руралните општини. 

Денешните 10 позитивни случаи се од два веќе познати кластери, шест лица се од  Општина Теарце и четири од Општина Боговиње. Вкупниот број на дијагностицирани сега изнесува 292, од кои досега се оздравени 136 лица, а 24 починале. Со бројот на активни случаи во Тетово и петте околни општини е 132, потенцираат од Кризниот штаб.

Градоначалничката Теута Арифи побара граѓаните да бидат искрени во врска со контактите со заразени од коронавирусот.

-Избегнувајте посети дома и слични групирања. Исто така апелираме дека за време на епидемиолошките истражувања граѓаните да бидат искрени и да даваат точни информации во врска со контактите што ги имале со трети лица, со оглед на фактот дека превенцијата е најдобриот начин за борба против вирусот, со оглед на изјавите на стручните лица, тој ќе биде меѓу нас подолго време и треба да научиме како да живееме со тоа заштитувајќи се себеси и другите. Уште еднаш, го повторуваме нашиот повик до граѓаните во овој период да покажат дополнителна грижа и одговорност во однос на заштитните мерки, носење маска, одржување физичка дистанца и редовно миење раце, истакна Арифи.

Откако тестирањата на вработените во градинките покажаа дека нема заболени од Ковид-19, од Општина Тетово најавуваат можност за почеток со работа на оваа установа.

Општина Тетово ги дезинфицираше и внатрешните и надворешните површини како дел од ублажувањето на мерките, а кои предвидуваат отворање на градинки на територијата на цела Република Северна Македонија. Исто така, очекуваме и се надеваме дека  наскоро Комисијата за заразни болести ќе го одобри барањето на Општина Тетово за ослободување на организираниот меѓуградски превоз во Тетово и околните општини, соопштија од општината.

Според општините, вкупниот број на случаи во општина Тетово е 159 (починати 9 лица),Боговиње 58 (починати 6 лица)Теарце 36 (починати 2 лица),Брвеница 19 (починато едно лице), Јегуновце 13 (починати две лица) и  Желино 7 заразени (починати 4 лица).

Back to top button
Close